Холивуд го зафати нов тренд, на кој сите | Trendseteri
Menu

Холивуд го зафати нов тренд, на кој сите потклекнаа

Мадона, Елизабет Харли и Хајди Клум го присвоија трендот и го потврдија ефектот


Од употреба на сопствена крв за убавина, па до домашни сауни за потење, познатите се повеќе од среќни кога ќе пробаат нешто ново, а тоа има ефекти.

Новиот фитнес тренд кој што го зафати светот е Електо Мускулната Стимулација и е тренингот кој што го присвоија славните во својот распоред.

ЕМС подразбира носење специјален костум полн со електроди кои испраќаат електрични импулси до вашите мускули. Електродите кои се поставени на главните мускулни групи на вашето тело предизвикуваат контракции, симулирајќи интензивен тренинг.
Вежбањето на овој начин со ЕМС за 20 минути е еквивалентно на 4 часа напорна работа во теретана, а тоа го потврди и Мадона.

„Сакам чудни навики за вежбање и режими на убавина, но овој нов фитнес тренинг го подигна на едно ново ниво вежбањето. И да, го обожувам.“ изјави Хајди Клум.

Photo: getty images / New Balance