10 хит трендови за оваа есен | Trendseteri
Menu

10 хит трендови за оваа есен

Трендови кои ќе ги пратат модерните девојки оваа есен

 

Есента и официјално е почната, па време е да видиме што ќе биде во тренд оваа есен. Некои од трендовите ги видовме на модните писти во февруари, кога модните дизајнери ги прикажаа своите есенски и зимски колеции за 2018/2019. Ви ги претставуваме трендовите кои се издвоија на модните писти и со чиа помош секој може да е во тренд ако сака.

Црвен кармин

Може да се каже дека црвениот кармин е толку класичен, што никогаш не излага од мода, но оваа сезона ќе биде секаде присутен, тоа го видовме и на неодамнешните ревии. Затоа спремете ја вашата омилена нијанса црвено и заблескајте.

Патец на косата на средина

На ревиите на „Tommy Hilfiger“, „Michael Kors“ и „Versace“ скоро сите манекенки ја носеа косата со патец на средина. Патецот на средина е отсекогаш присутен, меѓутоа оваа сезона ќе биде доста хит. Имајте во предвид дека ваквата фризура посебно добро им прилега на округло или овално лице.

Златен ајлајнер

Златната боја најмногу потсетува на есен, па зошто тогаш со неа да не ги истакнеме очите. Многу манекенки прдефилираа со оваа боја ајлајнер. Доколку несакате остри линии можете едноставно тоа да го постигнете со златна сенка и така ќе постигнете понежен но сепак тренди изглед.

Природен изглед

Секоја година е се повеќе популарно да изгледате како да немате чминка на лицето. Така е и оваа сезона, а тоа го докажа „Chanel“ на модните писти неодамна.

Црна сенка на очите

Ако сакате драматичен изглед, тогаш црната сенка е таа што ќе ви помогне оваа есен да го постигнете тоа. Дали е тоа класичен избор како сенка или место ајлајнер, вие одберете.

Виолетова и пинк сенка

Пинк сенката е веќе некое време популарна, а изгледа дека оваа сезона ќе биде баш хит. На модните писти моделите на „Anna Sui“ беа нашминкани во оваа боја, како и мешавина од виолетова и пинк.

Шарени ајлајнери

Покрај розеви,златни и виолетови сенки, на моделите за оваа сезона како хит ги имаше скоро сите бои. Доста модерен изглед ќе добиете и со сина маскара или зелен ајлајнер.

Тапирана коса

Ваквиот изглед не е за срамежливи девојки, затоа што тапирана коса, голема и бујна привлекува доста внимание. Се работи за таканаречените пунџи кои се носеле во 80тите.

Светки, шљокици

Оваа есен светките се доста „IN“, а најдобро е да ги носите на очниот капак. Моделите на модната недела имаа светки по цело лице или тело, меѓутоа вас доволно ќе ви биде да ставите малку на очните капаци и да заблескате.

Гламурозни локни

Оние кои нема да се одлучат за натапираната пунџа, ке може да изгледаат доста гламурозно и елегантно со брановидна коса или големи локни. Тоа е идеална фризура за сите пригоди, а доколку ја надополните со црвен кармин ќе изгледате како вистинска холивудска дама.