Хит обувки за пролет 2020 | Trendseteri
Menu

Хит обувки за пролет 2021

Овие модели на обувки ќе бидат најмодерни оваа пролет


Со почетокот на новата сезона, модните магазини, меѓу кои и „Cosmopolitan“, ги избраа моделите на обувки кои ќе се носат во следните неколку месеци.

Доаѓањето на потоплите денови остава можност и да се експериментира со најразлични модели на сандали, балетанки, па дури и патики. Меѓу нив може да се најдат и ниски обувки, но и такви на висока потпетица.

Така, во периодот што следува, ќе се носат:



Мери Џејн

„Мери Џејн“ е американски термин за чевли или сандалки кои имаат ниска потпетица, заоблени се кај прстите и имаат едно ремче кај глуждовите. За оние кои го сакаат класичниот изглед, ова се совршените чевли.

Оваа сезона чевлите од овој тип се модифицирани. Височината на потпетиците варира, а исто така и дебелината на ремчето. Класичната црна боја е заменета со посвежи или неутрални бои.



Асиметрични сандали

Пролетта е пред врата и голем број трендсетерки и љубителки на модата размислуваат за своите омилени сандали, а оваа година ќе го достигнат врвот на модата.

Елегантните сандали со тенки ременчиња оваа сезона „асиметрични“ се непогрешен избор за различни прилики.



Балетанки со шпиц

Доколку барате идеални рамни обувки со кои ќе заблескате оваа пролет, сигурни сме дека ве интересира кои модели се најактуелни и кои можете најлесно да ги најдете. Шпицестите балетанки и мокасинки се задолжителен дел за оваа сезона.

Во текот на изминативе неколку години балетанките го доживеаја големото враќање на сцената, но секоја сезона доживуваат „надградба“. Ако досега најактуелни беа балетанките со „капаче“ на прстите, сега своите пет минути ги добиваат балетанките со шпицест врв. Овие модели се доказ дека не е задолжително да ги измачувате стапалата со превисоки обувки за да изгледате шик.



Шарени патики

Белите патики беа апсолутен тренд во 2019 години. Оваа сезона белото се заменува со секакви бои.

Шарените патики се ултимативен пролетен хит во уличната мода, а ги носат луѓе од различни профили: од спортисти до деловни дами.



Сандали на платформа

Сандалите на висока потпетица никогаш не излегуваат од мода. Сепак, кога станува збор сандалите на платформа тие не секогаш се толку актуелни. Оваа пролет платформата повторно се враќа во модаво кои може да изгледате беспрекорно.

Платформата одлично одговара со широка облека. Со многу тесна облека обично изгледаат премногу гломазно, а освен тоа може да го уништат целокупниот стајлинг.