Кожни хеланки | Trendseteri
Menu

Кожни хеланки

Кожни хеланки – хит кој не излегува од мода

Популарноста на црните кожни хеланки се повеќе расте. Тоа не треба воопшто да се зачудува бидејќи лесно се комбинираат, и дамите што ги носат велат дека совршено го сокриваат целулитот и вишокот на килограми. Ако се суди по убавите и славни жени, тогаш се одлични за секоја пригода. Така, на пример, славните модели Ирина Шејк и Миранда Кер највеќе ги носат во удобни комбинации, со капут во модерен крој.

Но доколку сакате црните кожни хеланки да ги носите во малку поелегантна варијанта, можете да го направите по примерот на Оливија Кулпо, која го застана цел сообраќај во Њујорк со нејзиниот изглед. Класични салонки, долга ташна и елегантен мантил и некој детал плус, е се што ви треба да заблескате во полн сјај. Некои ги носат и како модерен детал во спортско-елегантна комбинација, како познатата манекенка Криси Тајген која не може да одолее на змискиот дезен на кожните хеланки.

Од друга страна Алесандра Амброзио малку е уморна од класичната црна, па искомбинира обични хеланки со кожни детали, и ги доби сите комплименти, иако во прашање е само опуштена прошетка низ град.