22 & 23ти септември 2018, Градски Парк Скопје – терени Работнички
Откако се израдувавме дека Health, Fitness & Wellness Expo се случува по четврти пат, сега може да се радуваме и на неговата богата програма.
Бидете уверени дека нема да изостане анимација и промоции од огромниот број на учесници додека официјалната програма на главната сцена, можете да ја погледнете ОВДЕ.
Како и секоја година, организаторите неуморно до „освежуваат“ проектот со нови содржини. Очекувајте големо slackline шоу со Sport Inn, во кул атмосфера да пробаме да ја смениме предрасудата: “Slackline? Не, тешко е тоа. Не можам”. Содржината се реализира благодарение на Sport Inn – кои се генерален партнер на HFW Expo од самиот негов почеток, и благодарение на нивната неуморна поддршка во промоција и развој на здрав и активен животен стил во нашата средина.
Уште еден сериозен чекор напред на домашната спортска и рекреативна сцена – на HFW Expo 2018 за прв пат во Македонија се организира и меѓународен турнир во Street Workout, во соработка со Champions House. Натпреварот ќе се одржи во шест категории, а реномираниот Жељко Влајин – една од легендите на овој спорт ќе биде специјален гостин и интернационален судија во категоријата Endurance.
За оние кои не се пронаоѓаат во конкретни спортски дисциплини, а се и помалку (или повеќе) носталгични за безгрижните детски денови во маало, организаторите најавуваат и голем натпревар во улични награди: издание НАРОДНА! На овој турнир можете да се пријавите самостојно или со тим – соберете ги другарите од маало (колку би било супер тоа!?), средно/факултет, тимот од работа, или пак пријавете се индивидуално за гарантирано враќање во безгрижна забава и секако МНОГУ вредни награди. Повеќе за натпреварот прочитајте ОВДЕ.
Секако, настанот ги анимира сите од 7 до 77 па детското катче ќе продолжи да ги забавува и да развива здрави навики и кај најмладите, низ богата содржина на интерактивни работилници кои можете да ги погледнете ОВДЕ.
Освен вело – френдли, настанот ќе биде и еко – френдли, па за „влезница“ ќе се признаваат велосипеди, но и пластични шишиња, хартија или картон, или неколку искористени батерии, бидеќи на настанот ќе се селектира и отпад за рециклирање.
Следете ги официјалната Facebook фан страна и настанот на Facebook, за повеќе информации околу содржината и активностите.
Се гледаме на HFW Expo!