Дечките од „Happy End“ со прва авторска песна
„Happy End“ – млади, амбициозни момци кои на своите настапи ја користат македонската поп музика и балканските хитови како главен адут за добра забава. Бендот постои од 2012 година и има многубројни настапи низ клубови, кафичи, дискотеки и ресторани како во Скопје така и во многу градови во Македонија. Предгрупа на концертот на Аца Лукас во „Метрополис Арена“, потоа во арената „Борис Трајковски“ на Милица Тодоровиќ и Адил и предгрупа на Саша Ковачевич на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Бендот се состои од 6 члена :
Дамјан (тапани) ,Владимир (гитара), Илија (бас гитара), Игор (вокал) , Toше Тодор Петров (виолина) и Никола (клавијатури).
Се стремат за големо и се надеваат дека еден ден ќе им се оствари заедничкиот сон, а тоа е солистички концерт со ниви композиции.
Секогаш тука за добра музика и уште подобра забава
Момците од „Happy End“ ја промовира својата прва авторска песна, песна која ја работеа со Лазар и Магдалена Цветковски, кои се потпишуваат на неа како автори.
Погледнете го спотот и уживајте:
???Нашата нова песна???? KОГА БИ БИЛА МОЈА ? ?❕❗????????Со огромно задоволство и гордост ви го претставуваме нашиот прв спот и песна Кога би била моја , се надеваме дека ќе ви се допадне . Уживајте!!! Happy End MK
Gepostet von Happy End MK am Mittwoch, 20. Juni 2018