Среќен Роденден | Trendseteri
Menu

Среќен Роденден – Elle

Да ја исполниме роденденската желба на Елена – „Elle“

 

Елена е трендсетерка и пред сè личност без која би биле социјалните мрежи многу сиромашни во Македонија. Стално насмеана и спремна за шеги на свој рачун. Влаинка, на која ѝ е жирафата најомиленото животно.

Кој ја познава и видел, знае дека ја исполнува просторијата при нејзината појава. Но не со нејзината висина од 183 см, туку со тоа што зрачи со позитивна енергија.

По повод нејзиниот роденден кој што е токму денес, сакаме да ѝ честитаме и да ја објавиме нејзината роденденска желба која ја имаше самата објавено на Facebook.

Се надеваме дека ќе се најде некој од другарите што ќе ѝ ја исполни роденденската желба да се чувствува барем за еден ден како британка за да ѝ биде убаво

Елена, позната како Elle Mitanj може да ја најдете тука на Facebook  и  Instagram