Стилистот Марјан Петров отвори нов модерен салон | Trendseteri
Menu

Стилистот Марјан Петров отвори нов модерен салон

„Hair studio MAGIC“ веќе 5 години со успешна приказна

Еден од најдобрите стилисти на нашите простори, младиот Марјан Петров, сопственик на „Hair studio MAGIC“, го премести својот салон на нова локација во Струмица, над малиот Градски парк, спроти новата зграда на УЈП.

Дамите сега ќе имат можност да уживаат во новиот модерен салон магично, декориран според познатите светски брендови во оваа област, а магичните раце на стилистот Марјан Петров, ќе направат секоја дама да изгледа и да се чуствува убаво. 

Инаку „Hair studio MAGIC“ веќе 5 години е со успешна приказна, која се должи на посветеност, љубов и страст кон работата која дава одлични резултати, со што може да се пофали и со соработка со многу манекенки и познати лица од македонската и српската естрада.