Неодоливата Хејли Болдвин во новогодишната кампања на Guess
За потребата на новогодишната кампања, заштитното лице на Guess Хејли Болдвин ја репризира својата улога заедно со Стефан Сал. Кампањата е снимена во Palm Springs, каде се прикажува млад пар на отворен и мирен простор во природни ноншалантни пози. Моден фотограф за оваа кампања е познатиот Дејвид Белемер, додека за стајлингот се погрижи Мартина Нилсон.
Хејли Болдвин, која ќе го прослави на 22ти ноември нејзиниот 20ти роденден е член на актерското семејство „Болдвин“, т.е. ќерка на Стивен Болдвин, најмлдиот од брќата Алек, Вилијам и Даниел Болдвин.