Брендот “Guess” слави 35 години иновативен дизајн и успех | Trendseteri
Menu

Брендот “Guess” слави 35 години иновативен дизајн и успех

Брендот “Guess” слави 35 години иновативен дизајн и успех

 

Оваа пролет, светски познатиот американски бренд “GUESS” ја обележува својата јубилејна 35-та година од нивното постоење со колекцијата Guess Originals. По тој повод, претставена е адвертајзинг кампањата со младата американска моделка Хејли Болдвин и моделот Стефано Сала. Класичните црно-бели фотографии ги прикажуваат limited edition парчињата од Guess Originals 1981 Anniversary kapsule, која слави повеќе од 3 децении иновативен дизајн и успех.

Оваа кампања совршено го рефлектира GUESS’ all American Jeans style со кој се карактеризира брендот последните неколку децении. Низ објективот се враќаме во ерата кога браќата Марчијано го трансформираа “работничкиот” џинс во must have модно парче во сите гардеробери.

Атрактивните фотографии се направени во Калифорнија, во нивната фабрика за производство, каде се прикажуваат иновативните тексас креации кои само ни докажуваат дека брендот GUESS и после 35 години од неговото создавање на тексас културата и доведување на оваа категорија во срцето на модната индустрија, остана пионир во сегментот на тексасот.

GUESS Originals 1981 Anniversary kapsulе ја задржа единствената техника на рачна изработка која ја развиваат браќата Марчијано во 80-тите години, и која станува клучна во развивањето на нивниот бренд GUESS. Везените етикети, копчиња и нитни ја задржуваат истата естетика, додека за нивната изработка е искористена мешавина од американскиот и италијанскиот тексас материјал од колекциите кои ги обележиле 80-тите и 90-тите години од минатиот век.