Gucci секогаш игра поинаку | Trendseteri
Menu

Gucci секогаш игра поинаку

Модната куќа Gucci ги поместува границите со новата Gift Giving кампања

 

Креативниот директор Alessandro Michele секогаш скршнува од регуларните правила, а ова се докажува со новата Gift Giving кампања на италијанската модна куќа Gucci. Иако одамна сме навикнати да гледаме снег и скијачки падини на зимските кампањи на модните брендови, Алесандро оваа holiday кампања ја спакува во ново и неочекувано издание.

Зад фотографиите стои потписот на култниот режисер и сценарист Harmony Korine, а празничната кампања е претставена на тропска сончева локација и крузер на кој се забавува екипата во еклектични стајлинзи, во препознатливиот максималистички Gucci стил.

На Gift Giving кампањата е претставено добропознатото Gucci лого, дупло G, и животинскиот принт кој за прв пат е креиран ексклузивно за актерката Grace Kelly веднаш после венчавката за принцот Rainera III.

Колекцијата, секако, се состои од повеќе модни додатоци како беретки, ретро очила, statement обетки, чанти, шешири, ракавици, кои се комбинираат за еклектичен, ретро и помалку “кич” изглед. Кампањата ќе биде поставена во бутиците во САД, Јапонија, Париз, а ќе делува и преку социјалните мрежи, апликацијата и онлајн продавницата на куќата.