Гучи кампања со коњи во главната улога | Trendseteri
Menu

Гучи кампања со коњи во главната улога

Кампања за колекцијата пролет/лето 2020

 

Омилената италијанска модна куќа Gucci не воодушеви со новата кампања за колекцијата пролет/лето 2020 година. Оваа кампања освен што ги претстави дневните парчиња облека и модните додатоци, привлече внимание и со неочекуваните модели – коњите.

Откако во 2015 година на позицијата креативен директор застана визионерот Алесандро Мишел, бевме сведоци на уникатните Гучи кампањи, од необични патувања, вселенски летала, златната ера на Холивуд, па се до Дизниленд и старите антички грчки градови. Така е и со последната нивна кампања, каде освен прекрасните модели и Гучи парчиња, се појавуваат и коњите. Се работи за урбана кампања која е снимата на улиците на Лос Анџелес.

Коњите се дел од Гучи брендот уште во нивните почетоци во дваесетите години на минатиот век кога нивната модна одисеја започна со продажба на кожни парчиња за јавачите на коњи. Основачот Гучио Гучи GG уште во 1921 година главна инспирација му биле коњите и јавачите на коњи, од каде е дојдена и идејата и реализацијата околу дезенот и принтовите да изгледаат како потковици. Тоа е стилот на Гучи кој трае цел еден век.