5 грешки кои ги правите на плажа | Trendseteri
Menu

5 грешки кои ги правите на плажа

Сè уште не користите крема за сончање?


Сè уште не користите крема за сончање? Мислите дека се многу штетни или дека не ви требаат застоа што имате добар тен? Или можеби користите крема за сончање од минатата година?

Во повеќето случаи ракот на кожа се развива на површините кои редовно се изложени на сонце или ултравиолетово зрачење, а бројот за заболени од најсмртоносниот од сите видови рак на кожа-меланом, во последниве години е дуплиран и продолжува да расте.
 
Ова се најчестите грешки кои ги правиме на плажа:
 

1. Крема за заштита од сонце не користите секој ден

Акопланирате да ставите крема за заштита кога сте на плажа или на забава покрај базен, веројатно не ја нанесувате доволно често. Повеќе пати оштетувањето на кожата е од случајно излегување на сонце, кога одите на работа или од работа на кафе или кога само седите покрај прозор. Затоа нанесувајте крема секојдневно, за да го спречите оштетувањето на кожата, предвременото стареење и во најлош случај рак на кожа.

 

2. Не нанесувате доволна количина крема

За да сте комплетно заштитени со кремата, брзинското мачкање со малку крема не е доволно. Секој дел изложен на сонце, секојдневно треба да е прекриен со крема. Доколку користите лосион, за цело тело ќе ви биде потребно околу една чашка за ракија, за да добиете основна заштита.
 
 

3. Не го повторувате нанесувањето на заштита

Повторувајте ја постапката секои 2 часа. Доколку пливате и се потите тогаш може и почесто.

 

4. Не го користите вистинскиот заштитен фактор

Постојат различни информации за тоа кој заштитен фактор треба да се користи секојдневно. Докторите и за секој ден препорачуваат дневна крема со 30 СПФ заштитен фактор, а за на плажа дури и до 50 СПФ.

 

5. Не ги разликувате кремите за сончање со хемиски и физички филтри 

Постојат два вида креми, со хемиски и физички филтри. Хемиските функционираат така што ги апсорбираат сончевите зраци, а физичките заради цинк или титан оксид во својот состав ги одбиваат. За максимален ефект хемиските би требало да ги нанесувате пред било кој друг производ и тоа 30 минути пред излегување на сонце, додека физичките можете да ги нанесувате и врз други креми.