Оваа дама ги засени сите ѕвезди на доделувањето на Греми наградите
Ѕвездите од музичката индустрија се собраа на Црвениот Тепих во Лос Анџелес за доделување на Греми наградите.
Доделувањето на Греми наградите само по себе е гламурозен настан на кој освен најдобрите музички ѕвезди присуствуваат и други познати личности од забавната индустрија како актери, манекенки, ријалити ѕвезди.
Шоуто го украде дефинитивно Лејди Гага. Таа е многу актуелна благодарение на филмот „Ѕвездата е родена“ во кој глуми и пее со Бредли Купер. Овој нејзин албум освои многу награди, а сега доби и три Греми.

Photo: Profimedia
За овој настан таа одбра Селине долг фустан со потпис на Хеди Слиман и Тифани накит.
Погледнете ги останатите добитнички и нивниот аутфит:
Photos: Profimedia