Горица Штерјова - "Успехот е одлука" | Trendseteri
Menu

Горица Штерјова – „Успехот е одлука“

Девојката која своите соништа ги претвора во реалност!


Личност која има натпреварувачки дух и креативност, насмеана и позитивна, носејќи се со секојдневните предизвици и ризици во работата.

Станува збор за девојката која не фасцинира! Прекрасна, позитивна, паметна и амбициозна девојка од Скопје, Горица Штерјова!

Повеќето млади луѓе, завршуваат образование само затоа што сметаат дека така треба, па гледааат како полесно да се истуркаат низ животот, без свои идеи, без своја цел и амбиции. Стануваат зависни од социјалните мрежи, забораваат на вистинските вредности, селектираат квантитет наместо квалитет, се поважен е надворешниот изглед наместо интелектот и тоа доведува до големи разочарувања во општеството.

Посебно ни претставува чест и задоволство да напишеме збор – два за една млада, успешна, паметна и амбициозна девојка која е реткост во денешно време. Штерјова е менаџер на голема македонска компанија каде гради големи успеси и одлична кариера. Паралелно на ова, Горица Штерјова е Претседател на невладина организација скоро 7 години. Таа е дел од големи и многубројни локални и интернационални проекти со партнерства ширум светот.

„Сметам дека секоја работа е исполнета со подеми и падови. Но ако останеме фокусирани на крајната цел, полесно ги пребродуваме неизбежните падови. Јас лично за себе, можам да кажам дека колку повеќе наидувам на потешкотии и проблеми во работата, толку повеќе сум среќна на крајот кога успевам. Според мене без разлика колку обврски имаме, доколку имаме добра организација сметам дека можеме да постигнеме се. Доколку останеме позитивни и напорно работиме успехот е неминовен! Мојот најголем предизивик секој ден е да бидам одлична бизнис – девојка! Исто така би додала дека задовоството во работата создава совршенство! Затоа секогаш треба да го работиме она што го сакаме и она што не исполнува, бидејќи нашата работа е презентација на нашите способности!

Успехот во секоја работа се создава од моќта на комуникацијата!“ -изјави Штерјова.

Ние тука може да додадеме дека сепак, успехот е одлука. Одлука која ја носите во овој момент, сега.