Google, Apple, Amazon, Starbucks – од каде доаѓаат овие имиња? | Trendseteri
Menu

Google, Pepsi, Apple, Amazon, Starbucks – од каде доаѓаат овие имиња?

Како најпознатите светски брендови ги добиле своите имиња?

 

Заедничко за сите светски популарни компании е во тоа што нивните имиња се кратки и лесно се изговараат. Ретко кое име од нив има некое подлабоко значење, но со тек на годините овие имиња се стекнаа со култен статус.

Толку пати сме ги слушнале овие имиња што напросто не можеме да замислиме да се нарекуваат поинаку.

Google – Гугл е изведен од зборот “googol” што е математички назив за бројот еден зад кој стои низа од 100 нули. Името настанало откако еден од студентите на универзитетот Стенфорд погрешно го спелувал зборот “googol”.

Yahoo – основачите на Yahoo го “позајмиле” името од едно племе од романот “Гуливерите патувања”

Apple – Стив Џобс својата компанија Apple ја нарекол поради неговото омилено овошје, јаболкото.

Lego – комбинација од два дански збора кои во превод значат “играј и уживај”.

Amazon – Џеф Безос ја нарекол неговата компанија по најголемата река на светот, Амазон, бидејќи сакал неговата онлајн книжарница да биде најголема на светот.

Pepsi – Безалхохолниот американски пијалок Пепси го добил името според пепсин – ензим кој се наоѓа во овој напиток. Пепси настанал од изразот “dyspepsia”, што значи “слабо варење”.

Adidas – кратенка од името на основачот на овој бренд Адолф Даслер, кој по Првата светска војна почнал да изработува спортски обувки. Името настанало од неговиот прекар Ади и првите три букви од неговото презиме.

Nike – овој спортски бренд го носи името од грчката божица на победата, а самиот знак на брендот го претставува нејзиниот лет.

Virgin – “Тотално сме невини во бизнисот”, му рекол Ричард Бренсон на неговиот школски колега и партнер.

Rolex – Ханс Вилсдорф, основачот на Ролекс, сакал својот бренд да го нарече со име кое ќе биде лесно за изговарање на било кој јазик. Ги комбинирал буквите од азбуката на сите можни начини и додека јавал кољ, му се нашепнало името на уво, Rolex.

Starbucks – ова име потекнува според лик од романот “Моби Дик”, на авторот Херман Мелвил.

IKEA – Ингвар Кампард, основачот на ИКЕА ги комбинирал иницијалите од своето име и презиме (IK) со првите букви од фармата и селото од кое пораснал, Елмтарид и Агунарид (ЕА) во јужна Шведска.

McDonald’s – основачот Рејмонд Крок продавал машини за мелење место кога ги запознал браќата Дик и Мек МекДоналд, кои имале ресторан за брза храна во Калифорнија. Крок бил импресиониран од нивниот ресторан и набрзо станал нивен агент и ширум САД отворил стотина франшизи. Неколку години подоцна тој ги откупил сите права над McDonald’s, а браќата Дик и Мек се повлекле од бизнисот.