Новиот Golf GTI TCR со неверојатни 350 коњски сили | Trendseteri
Menu

Новиот Golf GTI TCR со неверојатни 350 коњски сили

Новиот Golf GTI со неверојатни 350 коњски сили

 

Фолксваген излезе со новата серија за 2017 година на Golf GTI TCR,  надградена со повеќе моќ, атрактивен дизајн и измени во аеродинамиката, која го надградува успехот на Голф 7 од 2016 година. Оваа серија на Голф има на располагање дури 350 коњски сили на неговиот 2.0 литаски турбо мотор. Аеродинамиката е изменета и подобрена, дизајнот се карактеризира со нови предни крила и заоблени лакови на тркалата, кои му даваат далеку поагресивен изглед од претходно.

Крајните резултати се подобро Аеро перформанси, секвенцијален менувач, опремен со нов електричен систем на управување и подобрување на издржливоста.

Сакате еден? Тоа ќе ве чини “само” 90.000 евра, колку што чини отприлика еден Porsche 911 GTS. Фолксваген за оваа лимитирана серија ќе испорача 30 автомобили.