Гоце Андоноски: "Моите дела се резултат на моите чувства" | Trendseteri
Menu

Гоце Андоноски: “Моите дела се резултат на моите чувства”

Македонскиот уметник со повеќе од 30 изложби ширум Германија

Гоце Андоноски е роден во Германија, по потекло македонец од с. Зубовце, Гостиварско. Раното детство го поминува во Македонија од 1982-1989 година, а потоа се преселува во Билефелд заедно со своите родители и двете сестри. Од рана воздраст почнува со мода и модни креации за да потоа го открие својот талент во уметноста и почнува да прави надреалистички цртежи. 

Темите на неговите дела содржат автобиографски пораки, за неговиот живот, во шифрирана форма. Тој во моментов живее и работи во Франкфурт на Мајна, каде се преселил по завршувањето на студиите. Таму тој исто така започнува да ја изложува својата уметност. Неговите дела денес се претежно во акрилик. Различни техники на мешање и колажи го надополнуваат разновидното портфолио. Покрај акрилното сликарство, тој се занимава и со видео уметност.

“Моите дела се резултат на моите чувства. Се чувствувам, па сликам” – изјави Гоце Андоноски.

Првата негова изложба е уште од 1999 година, а до денес има направено повеќе од 30 изложби ширум Германија. 

Погледнете неколку од неговите фотографии, а за повеќето дела можете да кликнете на неговиот сајт andonoski.com