Градници во кои ќе блескате во 2020 | Trendseteri
Menu

Градници во кои ќе блескате во 2020

Украински бренд кој ќе го обожавате

 

Постојат модни брендови кои својата база на обожаватели ја градатр со години, многумина тоа не го успеваат никогаш, а постојат и оние кои со помош на социјалните мрежи тоа го прават за само неколку месеци.

Еден од тие е украинскиот моден бренд NUE кој ја почна својата приказна во Мај оваа 2019 година, а денес нивните парчиња облека ги носат најпознатите светски трендсетерки.

NUE кажува за себе дека е pret-a-party бренд кој во фокусот ги има безвременските дневни парчиња облека наменети за вечерни прилики и забави.  NUE својата облека ја нарекува “jewelry clothing” што всушност е вистинскиот опис за нив, бидејќи се работи за многу впечатливи парчиња кој го подигаат секој стајлинг на повисоко ниво.

Брендот својата инспирација на пронаоѓа во 20-тите години на минатиот век во стариот гламур на златната ера на Холивуд, а секое парче од понудата е педантно изработен и смислен за да го направи секој кежуал аутфит во стајлинг прикладен за секоја свечена прилика.

Иако NUE постои неколку месеци, нивните парчиња ги освоија срцата на голем број светски трендсетерки. Едни од најпосакуваните парчиња од нивната понуда поради кои украинскиот бренд за сега е најпознат, се glitter градниците во различни бои. Совршен детал на секој party аутфит во кој сигурно нема да поминете незабележано.

Се чини дека има безброј можности за стилизирање на овие парчиња. Доколку сте во потрага по стајлинг за новогодишниот дочек, сто се однесува до нас – веќе го пронајдовте.