Ѓоко Танески призна дека има само една љубов | Trendseteri
Menu

Ѓоко Танески призна дека има само една љубов

“Една љубов имам” е новата песна на Ѓоко Танески

 

Нашиот познат македонски пеач и евровизиски претставник во 2010 година, Ѓоко Танески ја промовираше неговата нова песна и спот “Една љубов имам”, што воедно претставува и нов музички правец за него. 

“Една љубов имам, а тоа е музиката, се надевам ќе уживате” – напиша Ѓоко на социјалните мрежи. 

“Пилот песната и аранжманот се на Николче Мицевски, текстот го напишав јас и ова е втор текст во мојата кариера. Песната е снимена во студио во Скопје и мислам дека ова ќе биде пресврт во мојата музичката кариера, рече Таневски за Супер радио.

Видео записот е во режија и продукција на Даниел Јовески, а сниман е на повеќе локации во Охрид.