Жизел Бундшен - девојчето од Хоризонтина | Trendseteri
Menu

Жизел Бундшен – девојчето од Хоризонтина

Од девојче од Хоризонтина до ubermodel на тронот на светот

 

 

Кога во доцните 90-ти, Жизел Бундшен за прв пат зачекори на пистите, за неа модниот свет создаде нов поим – “Ubermodel”. За прв пат се појави модел со толку моќ, присутност и влијание за кој дозна целиот свет. Позната по својот beach babe изглед и исунчан златен тен, извајано тело и долги убави нозе, Жизел стана синоним за изглед на хероина и “not giving a fuck” манири.

Се со цел да се нагласи нејзината посебност, еден британски медиум напиша дека “постојат супермодели и Жизел Бундшен”, ја нарекуваа кеш-машина, најубавата жена на светот и бразилска граната. Нејзиниот пробој до модниот трон беше, во најмала рака, експлозивен. Жизел го направи тоа што до тогаш на ниту еден модел не му успеа. Својот статус на ubermodel и самоувереното појавување на модните писти го преобрази во бренд вреден стотици милиони долари.

Гише, како што најблиските ја нарекуваат, е родена во 1980 година во бразилското гратче Хоризонтина, а своето детинство го поминува опкружена во природата и животните, со сон дека еден ден ќе заигра одбојка во националната репрезентација. Но, модниот свет пред да и ги смени плановите и соништата, таа била на мета на критики и потсмев за нејзиниот изглед споредувајќи ја со Олива, жената на Попај.

Таа на свои 14 години заедно со нејзината сестра близначка за прв пат се појавува на кастинг за модели, која во тоа време го сметала само за забава. После натпреварот, сестричките патуваат на излет во Сао Паоло, воодушевени дека конечно ќе имаат прилика да се прошетаат во некоја петропола.

Жизел им го привлекува вниманието на Elite Model менаџментот додека со пријателите јадела хамбургер во еден шопинг центар, а предлогот до неа да биде дел од модните писти најпрвин бил одбиен, за да потоа сепак се одлучи да го направи тоа. Потоа заедно со нејзината мајка ја посетила агенцијата, а останатото е историја.

Набрзо потоа ги прави своите први фотографии за book и патува назад во Сао Паоло на првата фотосесија, а само година дена подоцна нејзината мајка ја пријавува на натпревар за убавина. Жизел завршува на 4-тото место на светскиот избор на Ибица.

Жизел, која во 1995 година патува од своето родно место Хоризонтини во 1000 км оддалечениот Сао Паоло, никој не ни помислувал дека детството на Жизел веќе завршува и дека веќе никогаш нема да се врати назад дома. Само што пристигнува во метрополата, таа се соочува со грабеж, каде и е украдена целата нејзина заштеда што нејзиниот татко и ја дава. 

На кастинзите сите и укажувале дека е премлада, да има преголеми гради и нос и дека едноставно не е девојка за модел. После низа неуспешни обиди, заминува во Њујорк каде почнува повторно од почеток. Заради тоаш то не разбирала англиски, често била мета на другите девојки кои се шегувале на нејзина сметка, но и покрај сите препреки, Жизел одлучила да истрае до крај.

Легендарната прослава на ангелите Адриана Лима, Алесандра Амброзио, Тајра Бенкс, Хајди Клум и Жизел Бундшен.

На само 16 годишна воздраст дебитирала на пистата на New York Fashion Week, но вистинскиот пробој на модните писти се случува година дена подоцна на култното Rain Show на Alexander McQueen, каде го фасцинирала со нејзината способност самоуверено да чекори на водената и лизгава писта во гигантски високи потпетици. Познатиот дизајнер тогаш и го дава надимакот “The Body” и одеднаш целото внимание од модниот свет го добива младата Жизел.

Во 1997 година заблескала на насловната страна на бразилското издание на Vogue, додека после една година ја добива насловната страна на престижното британско издание на истиот магазин. Во тоа време станува најбаран модел на светот.

Снима кампањи со најголемите светски модни брендови како Missoni Chloe, Dolce & Gabbana, Valentino, Gianfranco Ferre, Ralph Lauren I Versace, а на 19 годишна воздраст е прогласена за најдобриот модел на светот. Во 1999 година ја краси насловната страна на америкасното издание на Vogue. Во тоа време моделите морале да се определат за две опции: модна или рекламна фотографија, но Жизел успева да ги прави двете работи одеднаш, што го менува стандардот во модната сцена.

Во 2000 година склучува договор со Victoria’s Secret тежок 25 милиони долари. Во тоа време таа е во врска со миленикот на Холивуд, Леонардо Дикаприо, а во 2004 година познатиот магазин Forbes ја прогласува за најплатен модел на светот. После пет години, најзгодниот celebrity пар во тоа време ја прекинува врската, а Жизел во 2006 година го запознава својот сегашен сопруг, славниот играч во американскиот фудбал Томи Брејди, со кого денес има и две деца.

Освен нејзините модни успеси, Жизел е позната и по бизнис потфатите како нејзината соработка со брендот Ipanema, линија за нега на кожа Sejaa Pure Skincare и брендот за долна облека Gisele Bundchen Brazilian Intimates, како и по нејзината неуморна хуманитарна работа поради која ООН ја прогласува за нивни амбасадор.

Во 2010 после разорниот земјотрес во Хаити, Бундшен донираше 1.5 милиони долари, повеќе од било која светска влада, а кога ја прашале зошто го направила тоа, таа едноставно одговорила: “Бидејќи го можам тоа”.

Поради нејзината топлина и несебичност, често светските медиуми ја нарекуваат “една од најдобродушните ѕвезди”.

Нејзината црно-бела фотографија со потпис на познатиот фотограф Ирвинг Пен, на аукција е продадена за неверојатни 193 000 долари. Глуми како главна улога во култниот филм “Taxi” и споредна улога во “The Devil Wears Prada”

Од девојчето од Хоризонтина која сонува да игра одбојка до една од најпопуларните модели во светот. Една од најуспешните манекенки на сите времиња. Жизел исто така објави и своја книга за својот приватен и професионален живот во кој беше ѕвезда на повеќе од 600 кампањи, красеше повеќе од 2000 насловни страници на на најпознатите светски модни магазини и прошета на повеќе од 800 ревии на најпознатите и највлијателни модни брендови.

“Во оваа книга ги напишав сите поуки кои ми помогнаа да живеам квалитетен, успешен и среќен живот, да ги совладам сите предизвици со кои се соочував во текот на мојот живот и поуки кои ми овозможија да се запознаам самата себе и светот кој ме опкружува. Се надевам дека ќе ви помогнат и вас” – напиша Жизел во својата книга “Lessons”.