Дали е ова најпосакуваниот доктор на светот??? | Trendseteri
Menu

Дали е ова најпосакуваниот доктор на светот???

Италијанскиот доктор е вистински хит на социјалните мрежи

 

Џовани Анџиолини, специјалист на ортопедија и трауматологија, слободно би можел да биде модел и не се сомневаме дека би бил светски славен. Со своите импресивни 186 сантиметри висина и прекрасни сини очи, привлекува бројни обожавателки, па на инстаграм го следат 273 илјади фанови, а на фејсбук повеќе од 70 илјади.

Од 2015 година неговата популарност постојано расте, кога тој бил дел од италијанскиот Голем Брат, а за жените е дополнително попривлечен затоа што наместо за модел, тој се одлучил да се посвети на неговата страст, ортопетска хирургија. Освен тоа, бројни припаднички на понежниот пол редовно го следат неговото учество во емисијата „Добра вечер, докторе“ на тв 2000.

На разочарување на обожавателките, Џовани е заљубен во фитнес ѕвездата Нивес Болос и судејќи по фотографиите објавени на социјалните мрежи, тој не трга поглед од својата љубов.

Ова е нашиот избор, споделете со нас доколку имате подобар предлог.