Фустанот кој го носи името “Белград” | Trendseteri
Menu

Фустанот кој го носи името “Белград”

Елегантен фустан на познатата дизајнерка од нејзината колекција пролет/лето 2020

 

Популарната дизајнерка од Полска, Магда Бутурим која се прослави благодарение на едиствениот и софистициран пристап во модата, а славата ја стекна преку Инстаграм, дизајнираше фустан кој го носи името на главниот град на Србија, Белград.

Магда Бутурим со години работела како модна стилистка и благодарение на тоа искуство знае што жените сакаат денес од облека, што им недостасува и на кој начин би сакале да се прикажат себе си, својот стил и своето тело. Таа дизајнира парчиња за секој ден, но и гламурозни креации за свечени прилики.

На нејзиниот Инстаграм профил ја следат повеќе од 140.000 модни фанатици, а некои од нејзините клиенти се Емили Ратајковски, Кендал Џенер, Џиџи Хадид и Адриана Лима.

А сега, погледнете го елегантниот фустан од нејзината колекција пролет/лето 2020 кој го носи името “Белград”.

Инстаграм: magdabutrym