Модели на фустани кои одлично се комбинираат со патики
Патиките ги обожаваме сите. Удобни, модерни и лесни за комбинирање, па затоа оваа пролет ќе бидат наш фаворит, дури и во комбинација со фустаните.
Не се ограничувајте дека патиките се исклучиво спортско парче кое се носи со тренерки или фармерки. Елегантното совршено се вклопува со лежерноста на патиките.
Доколку патиките се повпечатливи, фустанот треба да биде поедноставен и обратно. Во продолжение погледнете ги нашите предлози коишто можете да ги испробате оваа пролет.