Успешните луѓе никогаш не го кажуваат ова! | Trendseteri
Menu

Успешните луѓе никогаш не го кажуваат ова!

Размислувајте како успешните претприемачи

 

Постојат работи кои успешните луѓе едноставно не ги кажуваат. Тие го гледаат светот на различен начин, размислуваат и дејствуваат различно од останатите луѓе.

Успешните луѓе знаат дека ограничувачките верувања што самите ги наметнуваме го попречуваат нашиот раст и развиток. Извинувањата и изговорите се бесмислени приказни кои на никаков начин не помагаат во решавањето на проблемите.

Идејата за избегнување на заблуди и лажни верувања е длабоко вкоренета во нивните глави. Тоа ги држи на вистински пат и им помага да го ослободат својот полн потенцијал.

Овие фрази никогаш нема да ги слушнете од успешните луѓе

 

“Инвестиција или штедење – сеедно е”

 

Иако и двете работи се корисни, успешните луѓе се фокусирани на инвестиции. Тие знаат дека своите заштеди мораат да ги инвестираат за да нивното богатство расте. Оние кои по менталитет се штедливи често своите пари ги чуваат во банка и никогаш не ги множат, бидејќи ги стопира нивниот страв. Од друга страна оние кои имаат најмногу, својот капитал го инвестираат и тоа повеќекратно им се враќа назад.

“Можам ли да си го дозволам тоа?”

 

Сигурно веднаш ќе помислите: “Секако дека богатите тоа не го кажуваат. Знаат дека можат да си дозволат било што”. И во право сте, отприлика така размислуваат, но поважно е прашањето: Дали тоа било во план?

Никако не значи дека тие што имаат повеќе пари не внимаваат каде ги трошат, туку баш напротив. Затоа, начинот на размислувањето на богатите луѓе се менува во зависност од богатството што го поседуваат

“За сè сум јас виновен”

 

Луѓето кои сами го имаат создадено нивното богатство своите недостатоци, грешки и пречки ги опишуваат како “привремени проблеми кои се надвор од нивна контрола”, а своите успеси ги доживуваат како нивна најголема заслуга.

“Немам доволно време за тоа”

 

Успешните луѓе немаат време, тие наоѓаат време, посебно за работи кои се навистина важни. “Треба да одвојам време за тоа” – тоа е нивниот бизнис mindset.

“Не знам како”

 

Тие ја користат фразата: “Како да го направам тоа”. Се што некогаш сте правеле, барало одредено време за да се научи, вклучувајќи го и одењето, возењето и започнувањето на бизнис. Учењето е животен процес. Ниту еден успешен човек не ги има сите одговори од самиот почеток.

“Не сум доволно паметен/на”

 

Научно е докажано дека интелегенцијата не е клучна за успех. Едно истражување покажало дека факултетскиот просек на американските милионери изнесува 2.9, а повеќе од 30% од милијардерите немаат завршено факултет. Најдобрите студенти обично се плашат од ризици, мислат дека нема да успеат и одбиваат да делуваат. Сакаат да играат на сигурно.

“Колку можам да изгубам?”

 

Најголемиот број на луѓето кои се пред ситуација да инвестираат некаде, веднаш се прашуваат кое е најлошото сценарио кое може да се случи, односно колку можат да изгубат од сето тоа. Богатите луѓе знаат дека информациите и знаењето го намалуваат ризикот од неуспех. Тие не инвестираат во работи што не ги разбираат.