Најлуксузните видови на шампањ
Шампањот претставува победнички луксузен пијалак. Ниту еден алхохолен пијалок на светот не може да го надмине чувството на еуфорија кога ќе пукне тапата на шише шампањ, затоа е и присутен на сите прослави и забави. Посебно е поврзан со кралските семејства и буржоазијата.
Шампањот претставува пенливо вино кое потекнува од регионот Champagne, Франција. Иако претставува синоним за сите пенливи вина, поимот “шампањ” e ексклузивен само за оние кои доаѓаат од овој регион, заштитено со закон и само пенливите вина од овој регион произведени под контрола на “Comite Interprofessionnel du Vin de Champagne” смеат да го користат ова име.
Тој е всушност финален производ на ферментација на грозје, кој поминува низ посебен третман, со цел да се постигне апсолутно најдобар можен вкус.
Секој шампањ е пенливо вино, но не секое пенливо вино е шампањ.
Се служи ладно, идеално е од 8 до 10 целзиусови степени. Доколку сте спремни за шампањ, ставете го шишето во кибла со лед и 1/3 вода.
“Јас пијам шампањ само во две прилики, кога сум заљубена и кога не сум” – Коко Шанел.
Токму во празничната сезона, се осврнуваме на овој пијалак и ви ги претставуваме најпрестижните и најлуксузни видови на шампањ во светот.