Филмска љубов - славен актер и келнерка со дете од претходниот брак | Trendseteri
Menu

Филмска љубов

Филмска љубов – славен актер и келнерка со дете од претходниот брак

 

Нивната љубовна приказна делува прилично невистинито. Тој е славен актер, а таа келнерка, но тие живеат во вистинска љубовна идила.

Славниот актер Мет Дејмон во една прилика изјавил дека е вистина среќен затоа што запознал обична жена која не е дел од Холивудскиот свет.

Таа била келнерка, но според него тоа ја одржало нивната љубов, затоа што доколку би биле двајцата познати медиумскиот притисок би бил дупло поголем и неиздржлив.

Нивната љубов делува невистинито, Мет ја запознал Лучиана во 2003 година во бар во Мајами.

„Буквално останав без текст кога ја здогледав во големата гужва“ – се присетува Мет на тој момент.

Две години подоцна тие се венчале. во Менхетен. На славниот глумец ништо не му сметало, ни што е Лучиана келнерка, ниту пак тоа што има ќерка од претходниот брак. Пред да го запознае Мет таа се развела. Нејзиниот претходен сопруг никогаш не искоментирал ништо лошо во медиумите, дури им посакува и се најубаво во заедничкиот живот.

Парот сега има три деца од бракот и едно од претходниот брак на Лучиана.

За нив никогаш нема да најдете никаков скандал во медиумите, затоа што ги немало.

Мет во една изјава рекол: „Не додавам масло во огнот, не сум ја преварил сопругата, непостои ништо лошо за што би пишувале. Јас сум средновечен оженет маж со четири деца.“

Тој и неговата сопруга имаат правило да не се одвоени повеќе од две недели.

„Мислам дека мора да поминувате време заедно со личноста што ја сакате. Мојата сопруга е моја сродна душа. Несакам кога сме одвоени.“ – изјавил Мет за медиумите.

Лучиана ретко дава изјави за медиумите, меѓутоа секогаш е присутна на црвениот килим со Мет, или пак може да ги сретнете на прошетка со четирите деца, но секогаш се заедно.

Ова е вистина една голема холивудска бајка.