Филип Додевски – момче со стил
Младиот бизнисмен Филип Додевски, сопственикот на фабриката за душеци „Филанд“ од Куманово е нашето момче со стил. Кошулите во риги, сакоата со тесен крој, џинсот и очилата за сонце од брендот Police го прават овој млад кумановчанец секогаш да биде шик и во тренд со урбаната мода.
Чевлите секогаш ги комбинира со бојата на оделото или сакото. Омилена боја му е сината, сивата и тегетот. Во комбинација со фармерките на Дизел и кошулите на Армани, Додевски изгледа светски. Во родното Куманово е еден од најскоцканите млади бизнисмени.