Роналдо, Буфон и Зидан одликувани како „The Best 2017“
FIFA го одликува Кристијано Роналдо како најдобар фудбалер во свет за 2017та година. Роналдо успеа да се истакне пред Лионел Меси и ја одбрани минатогодишната титула. Второто место му преостана на Лионел Меси, додека трет во трката испадна Нимар.
Гласовите, кој што се создадени со 50% од капетаните на фудбалските репрезентации и 50% од застапници на спортските медиуми и анкета помеѓу фановите, го избраа Роналдо со 43,16% како најдобар пред Меси со 19,25% и Нимар 6,97%.
„Огромна чест ми е што успеав да ја одбранам титулата и воедно да ми ја предадат едни од најдобрите фудбалире во историјата, Марадона и Роналдо“ изјави Кристијано Роналдо при превземање на титулата на синоќешната FIFA гала во Лондон.
Како најдобар тренер успеа Зинедин Зидан да ја освои титулата, додека како најдобар голман по четврти пат е одликуван италијанскиот репрезентативец Жанлуиџи Буфон.