Fenty на Ријана излезе со првата маскара | Trendseteri
Menu

Fenty на Ријана излезе со првата маскара

Идеална маскара е онаа која истовремено е природна и дава драматичен изглед

 

Сите ќе се сложите дека изборот на квалитетна маскара е од суштинско значење кога е убавината во прашање. Како што советуваат експертите, идеална маскара е онаа која истовремено е природна и дава драматичен изглед. Затоа е важно да ги погодите двете работи, и формулата и дршката на четката.

Fenty на Ријана, односно одделот задолжен за убавина Fenty Beauty излезе со првата нивна маскара Full Frontal Mascara која содржи лесна, црна ултра формула со четка за целосен волумен и четка за дефинирање и издолжување на трепките. Самата Ријана ја тестираше нејзината прва маскара која воедно е и отпорна на вода.

Оваа маската ќе биде достапна онлајн ја официјалната Fenty Beauty веб страна од 16 јануари по цена од 24 долари.