Брендот на Ријана со нова Holiday кампања | Trendseteri
Menu

Брендот на Ријана со нова Holiday кампања

Fenty со нова празнична колекција

 

Модниот бренд на Ријана, Fenty, кој доживеа глобален успех за краток период откако постои, излезе со нова празнична колекција Release 12-19 која го следи животот на две деловни жени во текот на 24 часа.

Фотографиите на оваа holiday кампања се снимени во Њујорк, а моделите ги менуваат стајлинзите во зависност за која пригода се работи, дали кога излегуваат од теретана после вежбање, одат на забава или додека одат во нивната канцеларија на работа.

Колекцијата се состои од прекрасни oversized парчиња во стилот на Ријана со елегантни сандали и долги обетки. Ријана оваа колекција на нарекува урбан – луксуз која е идеална за сите жени.