Нова ера на Фенди после Карл Лагерфилд | Trendseteri
Menu

Нова ера на Фенди после Карл Лагерфилд

Фенди кампања 2020

 

Легендарниот моден дизајнер Карл Лагерфилд беше креативен директор на италијанската модна куќа Фенди од 1965 година па се до неговата смрт минатата 2019 година. Но освен што тој беше задолжен за естетскиот аспект на Фенди, Карл исто така ги фотографираше славните кампањи.

После него, на неговото место како креативен директор дојде Silvia Venturini Fendi, неговата десна рака и внука на основачите Adele Fendi и Edoard Fendi. Фенди тукушто излезе со нивната кампања за најновата колекција, снимана од познатиот фотограф Nick Knight. Во новата кампања позираат Adut Akech, Jing Wen и Rianne Van Rompaey. Ова е нешто сосема поинакво од она што бевме навикнати да го гледаме во Фенди кампањите во времето на Карл Лагерфилд – разиграни и шарени тонови кои зрачат со посебна енергија. Дали е ова новата ера на Фенди, останува да видиме…