Фасцинантни божиќни елки | Trendseteri
Menu

Фасцинантни божиќни елки

Дизајнерски примери кои воодушевуваат

 

Освен класичните раскошни божиќни елки со најубавите украси и подароци, оваа година не воодушевија и оние невообичаените дизајни. Во продолжение ви претставуваме некои од нив.

Елка направена од метални коцки со бои кои се преливаат една со друга во шопинг центарот Millenia Walk во Сингапур.

Оваа празнична елка ја изработи дизајнерот Yinka Ilori за лондонскиот хотел Sanderson.

Во трговскиот центар Liberty во Лондон се наоѓа божиќното дрво “Tree of Liberty”, со сини и виолетови тонови што вистински потсетува на Алиса во Земјата на чудата.

Ова е дело на познатиот шпански архитект Серџио Себастијан и се наоѓа во Cardenal Cisneros Мадрид.

Тимот на модниот бренд Kenzo го смисли ова дело кое се наоѓа во хотелот Mandarin Oriental Jumeira во Дубаи.

Елка направена од метална конструкција и LED лампи која се наоѓа во Њујорк.

Дизајн на Willo Perron кој е познат по генијалните проекти со познатите ѕвезди како Ријана, Дрејк и Кање Вест, за хотелот West Hollywood во Лос Анџелес.

Дело на дизајнерот McQeens Flowers кое се состои од осум видови на суви цвеќиња. Ова било совршена прилика да се искористат цвеќињата кои иначе би завршиле во ѓубре и да се направи вистински ремек дело за Божиќ.