"Fantasy" - новиот хит на George Michael | Trendseteri
Menu

„Fantasy“ – George Michael

„Fantasy“ – новиот хит на George Michael

 

SONY Music објави минатата недела за прв пат по неговата смрт во декември 2016та год. нов хит на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Џорџ Мајкел. SONY Music го објави новиот хит „Fantasy“ на преработениот албум од 1990 год. „Listen Without Prejudice Vol. 1“ на Џорџ Мајкел.

Пред својата смрт, Џорџ Мајкел, заедно со единствениот човек на планетава кој можел да  му додаде повејќе „Funk“ од самиот Џорџ Мајкел, Најли Роџерс, го напишале хитот „Fantasy“

Џорџ Мајкел на пријатели изјавувал дека „Fantasy“ ќе му бил еден од најголемите хитови во неговата кариера за кој за жал не успеа да направи видеозапис и да ја доживее објавата.

Видео спотот е ремек дело, создаден од неговите хитови од 90-тите. Погледнете и проценете сами дали бил Џорџ Мајкел во право.