Eye Cue со англиска верзија на "Јано мори" | Trendseteri
Menu

Eye Cue со англиска верзија на “Јано мори”

Слушнете ја “Tell me baby” на Eye Cue

 

Дуото Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија повторно да ја изненадат македонската јавност со уште едно уникатно музичко остварување.

Eye Cue откако пред еден месец ја преработија една од најпознатите стари македонски песни “Јано мори”, утрово ја промовираа и верзијата за истата на англиски јазик насловена како “Tell me Baby”. 

Гласот на Марија со својата мекост и ненаметливост дава вистинска свежина, додека гитаристот Бојан со неговиот препознатлив стил го вметнува својот пречат и мелодиското развивање на самата песна. Видеоспотот е истиот на “Јано мори”, кој беше изработен во режија на Кристијан Шемко.