Малата Ева со 10 победи
Нашата гимнастичарка, Ева Соколовска, која живее во Билефелд, Германија, го освои првото место на републичкиот натпревар кој се одржа во Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
9-годишната Ева успеа во дури 10 натпревари да освои прво место односно да се закити со златен медал. Малата Ева заедно со нејзината постара сестричка 12-годишната Илина се едни од најголемите таленти по ритмичка гимнастика во Германија, кои досега имаат освојувано многу златни пехари.

Илина Соколовска