Ева Лонгорија покажа дека и со вишок килограми можете да бидете кралица на универзумот
Поминато е нешто помалку од 4 месеци откако Ева Лонгорија (43) стана мајка, но тоа не ја спречи гордо да прошета по импровизирана модна писта по улиците на Париз и да биде главна ѕвезда на ревијата.
За разлика од повеќето нејзини колешки, таа не скокна веднаш во теретана и на трака за трчање за да се фали со рамниот стомак и тело како од пред бременоста.
Наместо тоа, Лонгорија реши да ужива со синчето и да прати порака на цел свет дека жените можат да бидат секси, привлечни и фантастични дури и да не ослабат 20 килограми за пет недели.
Затоа таа се согласи да продефилира на ревијата за Лореал во склоп на модната недела во Париз, на која учествуваа и други познати јавни личности, меѓутоа „Очајната домаќинка“ дефинитивно беше најдолема ѕвезда.
Иако фокусот требаше да биде на нејзината шминка, тешко дека некој го забележа карминот и сенката покрај ваков раскошен фустан.
Дефинитивно сите ги воодушеви нејзината количина на самодоверба со која Ева блескаше.
Не, нејзиното тело не е совршено по стандардите на модните списанија и писти, меѓутоа изгледа дека на славната глумица тоа не и смета ни најмалку.
Напротив, делува многу среќно и задоволно и искрено ретко кој умее да ги носи килограмите како што го прави тоа фантастичната Ева.
Не знаеме како изгледа совршена жена и дали воопшто постои такво нешто, меѓутоа знаеме како изгледа среќна,задоволна и самоуверена кралица на универзумот. Баш вака!