По породувањето повторно во форма
Актерката Ева Лонгорија, позната по нејзината улога како „Габриела“ од серијата “Очајни домаќинки”, по ставените килограми за време на бременоста, експресно се врати во форма.

По само десет месеци по раѓањето на нејзиниот син Сантијаго, Ева објави фотографија и го покажа (повторно) совршеното тело.
Обожавателите со многубројни позитивни коментари за нејзиниот изглед.
Еден од коментаите е токму од нејзината долгодишна пријателка, Викторија Бекам
- „Изгледаш одлично“, коментираше таа.
Ева и нејзиниот сопруг Хозе Бастон, моментално се наоѓаат на Карипскиот остров Св. Бартоломеј.
