Есенски трендови за дама со стил | Trendseteri
Menu

Есенски трендови за дама со стил

Есенска инспирација: Лежерни викенд комбинации за сите пригоди


Искористете го овој есенски викенд за уживање со пријателите, за прошетка на свеж воздух или за незаборавна забава со момчето. Без разлика дали вашиот стил е елегантен, кежуал или спортски, ние имаме по еден одличен предлог за секоја пригода. Погледнете ги следниве лежерни викенд комбинации, што нема да ви одземат многу време за подготовка, а ќе изгледате одлично!

 


Кежуал елеганција


Кој вели дека мора да страдате за убавина? Со оваа одлична кежуал комбинација вие ќе изгледате елегантно, но истовремено и ќе се чувствувате многу удобно.



Лежерност со став


Кожната јакна оди буквално со сè, па затоа можете слободно да експериментирате со неа без страв дека би можеле да згрешите.



Опуштено спортско


За дамите што уживаат во удобноста, а истовремено сакаат и да изгледаат одлично, ова е совршената комбинација од облека и бои.