Ентерфест – Музички земјотрес со епицентар во Скопје: Тамара Тодевска Ера Иштрефи, Масимо Савиќ, Дивље Јагоде и многу други… | Trendseteri
Menu

Ентерфест – Музички земјотрес со епицентар во Скопје: Тамара Тодевска Ера Иштрефи, Масимо Савиќ, Дивље Јагоде и многу други…

“Ентерфест” во Скопје – најголемиот музички настан на овие простори од 29 мај до 02 јуни

 

 

 

Музички земјотрес, навиден досега на овие простори за прв пат ќе му се случи токму на Скопје. Од 29 мај до 02 јуни, во спорткиот центар Борис Трајковски започнува ЕНТЕРФЕСТ – новото музичко доживување за љубителите на фестивалите.

Оваа музичка приказна нуди петдневна забава со најголемите музички ѕвезди на нашите простори и исполнета со многу гости од соседните земји но и пошироко. Врвната техничка опрема , специјалните светлосни ефекти кои ќе го осветлат цело Скопје , и звук каков што досега не е чуен на овие простори , ќе направат овие 5 дена Скопје да дише во ритамот на ЕНТЕРФЕСТ и тоа за само 990 денари за петдневен влез на фестивалот. Повеќе нема да мора да патувате надвор од Македонија за да бидете дел од голем музички хепенинг, сето тоа во овие пет дена ќе го доживеете на Ентерфест.

Ова е листата од учесниците на првиот ЕНТЕРФЕСТ во Македонија : Тамара Тодевска, Ера Иштрефи, Масимо Савиќ, Атомско Склониште, Дадо Топиќ, Партибрејкерс, Ван Гог, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Гоце Саф, Опча опасност, Марчело, ПМГ, Дивље Јагоде, Ај Кју, Земља Грува, Кепурдхат, Елементал, Бени Нон Стоп, Неверне Бебе, Кербер, Визија, Конкуринг Лајон, Бед  Копи, Дани, ЕнБеКа и Твистер, Кара, Министерс Галери, ДНК, Кристина Арнаудова, Севдах Бејби, Ки, Аутмајнд, Викторија Лоба, Теодора, Ничим Изазван, Агушеви оркестар,  Темпера, Фолтин, и Но Нејм Нејшн.

Билетите се веќе во продажба, и тоа по цена од 990 денари за блок влезница. Истите може да се купат онлајн на MkTickets, нивната продажна мрежa, како и во локалите на Trend Cafe.