Емили Ратајковски умее да привлече внимание | Trendseteri
Menu

Емили Ратајковски умее да привлече внимание

Едноставен, но ефектен аутфит за прошетката на своето галениче го обиколи светот пред сè поради нејзините обувки


Каде и да се појави, британската моделка и актерка Емили Ратајковски се наоѓа во центарот на вниманието. Па така успеа, и покрај тоа што модната недела се пресели во Лондон, главниот тренд да го задржи на улиците во Њујорк. Едноставната, но ефектна комбинација што ја избра за прошетката на своето домашно галениче го обиколи светот пред сè поради нејзините обувки.


Фармерките RE/DONE со висок струк (220,00 евра) ги искомбинира со бело боди Alix Lenox (130,00 евра) , кафен ремен, чанта Hayward Mini 1712 (1.250,00 евра), Oliver Peoples Zasia очила за сонце (300,00 евра) и со жолти чизми Rag & Bon (360,00 евра).