Елена... | Trendseteri
Menu

Елена…

Новите фотографии на Елена нема да ве остават рамнодушни

 

Елена Ристеска на нејзината најнова фотосесија за магазинот „Unique“ изгледа пеколно жешко. Се запали нејзиниот instagram профил од неколкуте фотографии кои таа ги објави и сите обожаватели ја преплавија со лајкови.

Елена уште на млади години започна со тоа, одлишно што го прави. На 10 годишна возраст започна да пее во учулишниот хор.

Порфесионалната кариера, Елена ја започна во декември 2002 год. со победата на „музичкото- реалити шоу – Play- потрага по ѕвезда“ со песната „Она Другото“ од Дарко Димитров, кој станува и голем хит во Македонија. Тогаш имала Елена 16 години и го добиј прекарот „девојчето со чорапчињата“ поради доколениците во риги по кои стана позната. Токму по тој повод аистенката на Елена, Елеонора, и́ подари пред неколку дена торта со нејзините иницијали ЕР и бројот 14.

По победата на музичкото шоу, Елена ги објави во 2003 год. хитовите „Не сакам да кријам“, „Рај и пекол“ и „Ден и ноќ“, кој беше и наслов  на нејзиниот прв албум кој го издаде во 2003 година. Вториот албум , “192”, Елена го издаде во 2006 година. На промоцијата во Скопје, се појави облечена како секси полицајка. Во истата година, Елена ја претставуваше Македонија на Евросонг во Атина со песната „Нинанајна“ и со 12. место го постигна најголемиот успех за Македонија во историјата на натпреварувањето.

По деветгодишната издавачка пауза помеѓу вториот и третиот македонски албум, Елена, лани во декември го промовираше албумот “Без шминка”, и за многу од песните на него изјави дека се автобиографски. Елена има снимено и една компилација на најголеми хитови, во 2009 година, и одржано повеќе концерти. Првиот беше во Метрополис-арена, во 2008 година.

Атрактивната Елена ја завршува оваа 2016та како наш последен „Трендсетер“ на неделата!

Photo: Ани Дими