Теа Трајковска во есенска тренди комбинација
Познатата наша пеачка Теа Трајковска е вистинска инспирација кога е во прашање модата. Нејзината спортска комбинација во светли бои и темните очила за сонце се полн погодок за уличен стил оваа есен.
Фармерките совршено одговараат со белата кратка маичка, белите патики со розева боја во тон со розевата јакна, спортски чорапи со принт и светлата пинк чанта, ја прават Теа совршена.