“Часот на планетата земја” на 25 Март, Македонија по осми пат дел од акцијата | Trendseteri
Menu

“Часот на планетата земја” на 25 Март, Македонија по осми пат дел од акцијата

“Часот на планетата земја” на 25 Март, Македонија по осми пат дел од акцијата

 

 

“Часот на планетата Земја” е најголемата светска волонтерска акција која има за цел да испрати силна порака за спас на планетата Земја. Оваа акција започнува како локален настан во Сиднеј, Австралија во далечната 2007 година, за од тогаш да прерасне во најголемата акција која обединува над 7000 градови и 162 земји ширум светот.

Часот на планетата Земја 2017 се одржува последната сабота во месец март. Оваа година датумот е 25 март кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат илјадници локации ширум светот.

Оваа акција ги охрабрува луѓето да се вклучат во глобална иницијатива и заедно да ја употребат својата моќ со која можат да направат промени и да ја спасат планетата Земја. Првата акција беше одржана на 31 март 2007 година од страна на WWF Австралија, инспирана од граѓаните на Сиднеј да направат промена и да ја спасат планетата Земја со симболично исклучување на осветлувањето. Над 2,2 милиони луѓе се вклучија во акцијата и од тој момент Часот на планетата Земја станува акција поддржана од целиот свет.

И дел од македонските познати личности веќе ја искажаа својата поддршка за акцијата, како познатата млада пеачка Теодора Трајковска која изјави: “Дечки и годинава ги исклучуваме светлата за Часот на планетата Земја! 25ти март во 20:30 часот, приклучи се и ти! “.

Се претпоставува дека Часот на планетата Земја оваа година ќе биде најмасовен до сега. Македонија во акцијата годинава ќе се вклучи по осми пат.