Неверојатна копија на славните сестри
Блогерките Соња и Физа Али го окупираа интернетот, но не поради извонредните make up вештини и сопствената модна линија, туку по неверојатната сличност со Кајли Џенер и Ким Кардашијан.
Сестрите Али имаат заеднички инстаграм профил и можат да се пофалат со милион следачи кои секојдневно ја следат нивната активност – вежбање, нанесување на производи за убавина, шминкање.
Соња и Физа моментално живеат и работат во Дубаи. Како фактор за оваа неверојатна сличност е можеби нивното потекло од Азербејџан, која се граничи си Ерменија од каде што потекнува славната фамилија Кардашијан.
А ова се сестрите Кајли Џенер и Ким Кардашијан. Неверојатно нели?