Дуа Липа -Од Косово до светските музички топ листи | Trendseteri
Menu

Дуа Липа -Од Косово до светските музички топ листи

 

Косоварката со голема иднина

 

Девојката од Косово, Дуа Липа полека , но со сигурен чекор гази на музичката сцена. Откако го лансираше синглот “Be the one“ , младата пејачка вртоглаво почна да се искачува на светските топ листи. Липа е родена во Лондон  на 22 август во 1995 година.Потекнува од  семејство на етнички албанци од Косово. Татко и бил бубњар од кого таа и го наследила талентот. По враќање на семјството во Приштина, Дуа Липа почнува да се занимава со моделство, а потоа и со пеење. Потпишува договор со  позната британска продукција. За својата музика ќе изјави дека е во стилот на “ дарк поп“. Денес таа е светски позната пејачка и неодамна започна со нејзината турнеја низ Британија.

Дуа Липа на:  youtube Facebook twitter Instagram official www