Донатела Версаче со гламурозни мини здолништа | Trendseteri
Menu

Донатела Версаче со гламурозни мини здолништа

Кралицата на гламурот креираше мини здолништа со струкирани сакоа и нагласени рамена

 

Донатела Версаче е дефинитивно кралица на луксузниот гламур. Моќта на фигурата таа ја нагласува со рамената, мини здолништа, високи чизми и задолжителен ремен на половината. Иако нејзина специјалност се вечерните парчиња како сребрените фустани со блескави детали, Донатела од неодамна воведува се повеќе дневни парчиња. 

Истовремено таа внесе и златни детали и копчиња за да остане верна на нејзиниот омилен стил од 80-тите.