Добра форма во 10 едноставни чекори | Trendseteri
Menu

Добра форма во 10 едноставни чекори

Што значи добра форма?

 

Сите имаме по еден пријател што е секогаш среќен и во добра форма. Дали некогаш си посакал да си како него? Епа еве ја тајната: Твојот пријател едноставно си поставил рамнотежа во начинот на живот. Simple as that :). Длабоко во секој од нас се крие подобра верзија што чека да биде откриена. Таа верзија е некој што изгледа подобро, што се чувствува посреќно и што може да извлече максимум од животот. Можеби денес ќе ти помогнам да ја извадиш таа верзија од себе во 10 лесни чекори.

Да почнеме вака: Оптимизирајте ја телесната композиција така што ќе водите здрав, активен начин на живот. Комбинирајте урамнотежена исхрана со редовно вежбање. Искористете ја индивидуализираната поддршка што можам ви ја дадам на школа за исхрана.

Од каде да почнеш?

 

Прво, дали навистина си спремен на промена? На своето патување кон здрав, активен начин на живот сите се наоѓаме на различна точка и со сосема различни цели и перцепција што е тоа добра форма. Понекогаш по патот може да наидеме и на одредени препреки, во зависност од тоа што ни се случува во животот и секојдневието. Важно е да го знаете своето ниво за да определите каков план на вежбање или исхрана ви одговара за телото и во дневниот ритам. Ако моментално не сте физички активни, почнете со мали промени во начинот на живот. На пр., може да пешачите или да возите велосипед наместо да се движите со автомобил или со јавен превоз.

Кога ќе одлучите да го почнете своето патување за  трансформација, ќе почнете да забележувате промени не само во изгледот туку и во однесувањето. Ќе сфатите и дека секоја мала промена води кон успех. На пр., облеката ќе почне да ви биде широка, ќе слушате позитивни коментари од пријателите и од семејството. На тој начин природно ќе ви доаѓа да правите подобри избори во врска со исхраната и со вежбањето и да го менувате начинот на кој се справувате со стрес.

Кога ќе си ја постигнете целта, ќе сфатите дека и одржувањето на резултатите не е баш лесно. Тоа е нормално! Вашата нова цел ќе биде работите да останат како што се – секој ден. Продолжете да ги правите истите здрави избори и потсетувајте се колку многу постигнавте досега.

10-те чекори до подобра општа состојба

 

  1. Правете мудри избори. Исто како што автомобилот најдобро работи кога му ставате квалитетно гориво, и вам ви се потребни добро урамнотежени јаглехидрати, протеини, незаситени масти, витамини и минерали, но и хидрација, за да
    го достигнете својот максимум. Нутриционистите препорачуваат да се јаде појадок богат со нутриенти. Појадувањето е поврзано и со подобар целокупен внес на нутриентите.
  2. Хранете се здраво. Дали забележавте дека нешто недостига во вашите навики во исхраната од 1. чекор? Можеби не внесувате добро урамнотежени јаглехидрати, протеини или незаситени масти? Испланирајте ги оброците во денот според своите потреби.
  3. Моќта на протеинот. Кои и да се вашите цели, протеинот претставува клучна компонента на исхраната. Го има во секоја клетка на телото и обезбедува есенцијални аминокиселини што се потребни за изградба и за одржување мускулна маса.
  4. Масти за корисни ефекти. Кога велиме дека се мастите здрави, тоа како да се коси речиси со секој совет за исхрана што досега сме го чуле, нели? Но, има одредени видови масти што се сметаат за здрави и се многу важни за телото. Она што е
    важно е различните видови масти добро да се урамнотежат.
  5. Со хидрација до здравје. Водата ја гаси жедта, го одржува здравјето на телото и ни помага да го достигнеме својот максимум. Но, водата не е единствената течност што ни ја одржува хидрацијата – хидрација ни даваат и чајот, овошјето и спортските напитоци.
  6. Многу е важно да се биде физички активен. Важно е да сфатите дека вежбањето не е замена за лоша исхрана – треба
    многу да се вежба за да се согорат доволно калории за да се постигне резултат. Дури и секојдневни активности како што се пешачење или возење велосипед ќе ви помогнат да имате здраво срце и да изградите и одржувате чиста мускулна маса.
  7. Одмор и опоравување. Еден ефикасен распоред за вежбање не опфаќа само вежбање; многу е важно да водите сметка и какво гориво му давате на телото. Од телото ќе добиете повеќе и ќе имате подобри резултати ако во соодветно време јадете соодветна храна.
  8. Поддршка на исхраната. Да бидеме реални, иако урамнотежената и разновидна исхрана може да ни ги даде нутриентите
    што ни се потребни, животот што го водиме ни отежнува да живееме здраво. Преполниот распоред некогаш не ни дозволува да го достигнеме препорачаниот дневен внес (NRV). Во вакви случаи може да ни помогнат додатоци во исхраната.
  9. Изградете добар став. Време е за еден посериозен разговор. Време е да им кажете збогум на досадните негативни мисли бидејќи за нив нема место во овој план!
  10. Инспирирајте ги другите. Честитки – на пат сте да постигнете и да го одржите резултатот! Сега е моментот да им се пофалите на сите околу вас! Сега може да инспирирате и други луѓе со вашите одлични резултати.

josifdamjanov.com