Без гаќички во новиот спот на ДНК | Trendseteri
Menu

Без гаќички во новиот спот на ДНК

 

Атрактивна гледка во новиот спот на ДНК – „Ѕвер“

 

Момчињата од RNB дуото ДНК деновиве снимија видео за уште една тема од новиот албум . Станува збор за песната со наслов „Ѕвер“, а видеото за неа е трето по ред за тема од актуелниот студиски материјал „Уште еден ден“.

Се работи за типична клубска песна, која  освен што е музички поразлична, ќе има и сосема поразлично видео наменето не само за тинејџерите, туку и за плакнење очи на повозрасната публика на Панчо и Андреј. Текстот за темата е  на Панчо, аранжманот е на Лазар Цветкоски и Дамир  Јахиќ – Чекич. Музичкиот аранжман е заедничко дело на Панчо и Лазар.

Она што веќе најмногу го привлече вниманието е делот каде што се покажува т.е. нема што да се покаже, бидејќи ги нема – поразлична нумера, поразлично видео, наменета и за плакнење очи на повозрасните.

На спотот „Ѕвер“, Ѕверка ќе биде атрактивната битолчанка, моделката Вероника Иваноска, ќе има танчари од Беатрикс, нормално, Панчо и Андреј…

По прашањето што не очекува во нoвиот видеозапис…
…очекувајте нешто поразлично, впрочем, како и секогаш. Работиме со наш стар соработник, така што не се ни сомневаме дека ќе имаме одличен краен производ – велат Панчо и Андреј.