DNK - Некој друг | Trendseteri
Menu

DNK – Некој друг

 

DNK – со нов видеозапис од албумот „Уште еден ден“

 

RnB дуото ДНК снимаше уште еден спот за една од песните од актуелниот албум, „Уште еден ден“. Станува збор за баладата насловена „Некој друг“, чии стихови се дело на Панчо, а за музиката му помогна нивниот долгогодишен соработник, продуцентот Лазар Цветскоски кој го направи и аранжманот, додека мастерингот е направен во студиото „Метрополис“ во Лондон.

Видео приказната за „Некој друг“ е во реализација на Томато продукција, а покрај Андреј и Панчо со нивниот бенд и колегата Горан Папаз, главните улоги ги играат Драгана Левенска и Александар Михајловски. Како изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение.